Interreg - IPA CBC

Съвместни действия за предотвратяване и намаляване на последиците
от бедствия в общините Сандански и Радовиш

Одржана работна средба на проектниот тим за проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“

На 08ми и 9ти јуни 2021 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица се одржа третиот состанок на проектниот тим во рамките на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија - Р. С. Македонија.

По долгите рестриктивни мерки во време на пандемија Ковид-19, ова беше прв состанок со физичко присуство организиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на која што работна средба присуствуваа членовите на проектниот тим од општина Сандански, Бугарија.

Главната цел на состанокот на тимот во рамки на проектот беше да се детерминира спроведувањето, логистиката и организацијата на тркалезните маси за ублажување на последиците од климатските промени во двете земји, како и текот на зелените работилници и другите преостанати активности до крајот на проектот.

На тркалезните маси за размена на најдобри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени во Р.Бугарија и Р.С.Македонија ќе земат учество 30 различни чинители на заедниците во заедничкиот прекуграничен регион, каде експерти од двата региони ќе разработат низа теми поврзани со заштитата на животната средина од климатски промени како и спречувањето на природни непогоди.

Првата тркалезна маса е планирана да се одржи во Сандански, Р.Бугарија на 21ви и 22ри Јуни 2021 година, додека пак втората тркалезна маса е планирана да се одржи во Струмица, Р.С.Македонија на 29ти и 30ти Јуни 2021 година.

Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички

Този проект е съфинансиран от ЕС чрез Програма Интеррег-ИПП България – Северна Македония 2014-2020

Този уебсайт е създаден и поддържан със съдействието на Европейския съюз чрез Програма Интеррег-ИПП България – Северна Македония 2014-2020, CCI №2014TC16I5CB006. Съдържанието на този уебсайт е отговорност единствено на партньорите по проекта - Център за развитие на Югоизточния район за планиране и Община Сандански и по никакъв начин не може да бъде прието, че отразява официалното становище на Европейския съюз или Управляващия орган на програмата.