Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Интензивно се работи на речното корито на река Сушица во општина Радовиш

Во рамки на проектот Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш интензивно продолжува да се работи на изградба на речното корито на река Сушица на подрачјето на општина Радовиш.

Согласно предвидените активности, прво е изведено чистење на вегетација, жбунови и дрвја со одвоз на материјал до депонија, со што е отпочнато оформување на десната страна на коритото по течението на реката, во должина од 300 метри, со машински широк откоп.

Градежните работи на теренот се одвиваат според планот, а во моментот се работи на машински ископ на темел, припрема и изведба на кејски ѕид од ѕидан камен по спецификации дадени во проектот.

Градежните активности по проектот е предвидено да траат до месец април 2021 година.     

Овој проект е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. С. Македонија.

 

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.