Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Прв координативен состанок на проектниот тим за проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“

Во рамките на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија - Р. С. Македонија, се одржа првиот состанок на проектниот тим во периодот од 27 до 28 ноември 2019 година (среда и четврток), во просториите на општина Сандански, Р. Бугарија.

На состанокот присуствуваа членовите на проектниот тим и тоа претставниците на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и претставници од општина Сандански, Р.Бугарија.

Главна цел на состанокот беше членовите на проектниот тим да се запознаат со проектните активности, роковите на реализирање и улогата на секој од партнерите во реализација на проектните активности. На состанокот беше изготвен план за работа на проектот, во кој се дефинирани активностите, резултатите, показателите, временската рамка, ресурсите и одговорностите на секој од партнерите.

Заради видливост и промовирање на проектот исто така на состанокот беше избрано лого, а едногласно беше избран и слоган во рамки на проектот кој ќе гласи: „Заеднички активности инспирирани од природата“.

Следниот состанок на проектниот тим се планира да се одржи во Струмица.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.