Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Онлајн состанок на проектниот тим за проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“

Во рамките на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија - Р. С. Македонија, на 24 март 2021 година (среда) се одржа онлајн состанок на проектниот тим преку платформата ЗООМ, со цел да се запазат препораките и мерките од двете земји за спречување на ширењето на Корона вируот.

Состанокот беше организиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и на истиот присуствуваа членовите на проектниот тим од двете партнерски институции од прекуграничниот регион.

Проектниот тим на состанокот дискутираше за напредокот на градежните работи за реконструкција на дел од речното корито на р.Сушица во општина Радовиш и градежните работи за уредување на дел од коритото на р.Санданска Бистрица и областите на поплава во општина Сандански, активности кои се одвиваат во рамки на проектот според усвоениот план за работа. Исто така на состанокот се разговараше и за поставување на нови цели за следните месеци од спроведувањето на проектот.

За крај Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова на членовите од проектниот тим им порача да останат во добро здравје со надеж дека следните состаноци во рамки на проектот ќе бидат со физичко присуство.

Проектот ќе се имплементира до 12 јули 2021 година и до крајот на проектот предвидено е да се одржат тркалезни маси за размена на практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени во заедниците на прекуграничниот регион, како и отворени работилници со цел да се зголеми свеста кај младите за последиците од климатските промени.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.