Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш
На 20.12.2019 се одржа почетна прес-конференција во салата на општинскиот совет во општина Сандански, Р.Бугарија.
На конференцијата како гости присуствуваа проектните партнери од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како и претставници од општина Радовиш.
На почетната прес-конференција Проектниот менаџер од општина Сандански Г-а.Стојчева ги презентираше целите, активностите и очекуваните резултати од проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, запознавајќи ги граѓаните што ќе вклучува проектот.
Овој проект е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Во рамки на проектот исто така е предвидена ваква почетна прес конференција да се одржи и во Струмица на 23.12.2019 година.
Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија
Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.