Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

ВТОРА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ПРОЕКТНИОТ ТИМ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ

На 16 април 2021 година во 14:00 часот, преку онлајн платформата „ЗООМ“, се одржа втор работен состанок на проектниот тим во рамки на проектот: „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ № CB006 .2.12 .062, финансиран преку Програмата Интеррег-ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година.

На состанокот се разговараше за напредокот на проектните активности, поточно за реализацијата на градежните и монтажните активности за зајакнување на дел од речното корито „Санданска Бистрица“ во село Лилјаново, од страна на водечкиот партнер - Општина Сандански, како и за реализацијата на градежните работи на коритото на реката Сушица во општина Радовиш, Република Северна Македонија од страна на вториот партнер на проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион. Проектните партнери разменија фото-материјал од инфраструктурните активности, преку кои добијаа визуелна идеја за напредокот на активноста, како и за преостанатите активности за реализација. Се дискутираше за деталите за спроведувањето на претстојните активности на проектот - „Отворен семинар за подигање на свестта за климатските промени“ и „Тркалезна маса - дискусии за ублажување на климатските промени“, како и можноста за нивна можна алтернативна имплементација, во случај да бидат олеснети наметнатите мерки за спречување на пандемијата во двете земји.

Состанокот заврши со заеднички желби од двајцата партнери во врска со преостанатите состаноци и проектните активности да се спроведат во поволни услови и без ограничувања.

Проектот е кофинансиран од Европската унија преку Интеррег-ИПА програма за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија CCI бр. 2014TC16I5CB006

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.