Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Потпишан Договор за нов проект за прекугранична соработка

На 12 јули 2019 година во Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија се одржа Официјална церемонија за доделување договори во рамките на Вториот повик за предлог - проекти преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

На церемонијата присуствуваше Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова каде беше потпишан договорот за проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како Проектен партнер ќе го имплементира заедно со општина Сандански од Р. Бугарија, како Водечки партнер на проектот.

Главна цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природни катастрофи од прекугранична димензија, додека пак главна активност во Југоисточниот регион е уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри, чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи.

Ваквите активности ќе овозможат да се уреди коритото на реката, а ќе се изврши и пошумување и позеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите како и кон прилагодување на климатските промени во иднина. Исто така ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи.

Проектот ќе се имплементира 24 месеци до јули, 2021 година.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.