Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш
На 31 јули 2019 година во општина Радовиш од страна на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова и Градоначаникот на општина Радовиш Г-н Герасим Конзулов се потпиша договорот за заедничка реализација на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со општина Радовиш ќе го имплементираат заедно со општина Сандански од Р. Бугарија.
Предмет на овој Договор е заедничка реализација на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ вклучувајќи инфраструктурни активности со уредување на дел од реката Сушица во општина Радовиш како краен корисник од проектот.
Преку овој Проект ќе се уреди коритото на реката, а ќе се изврши и пошумување и позеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите како и кон прилагодување на климатските промени во иднина. Исти такви активности ќе се реализираат и од другата страна на гараницата, односно во општина Сандански, со што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи.
Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија
Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.