Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Градежните работи во општина Сандански ќе ги изведува фирмата „ПЪТНО ПОДДЪРЖАНЕ“ ДЗЗД

На 07.01.2021 година Општина Сандански склучи договор за изградба со „ПЪТНО ПОДДЪРЖАНЕ“ ДЗЗД, за уредување на брегот на речното корито на реката Санданска Бистрица во село Лилјаново, општина Сандански во рамките на проектот  „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ CB006.2.12.062, финансиран преку Програмата ИПА ИНТЕРРЕГ за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020, CCI бр 2014TC16I5CB006.

Договорот е со вкупна вредност од 292.538,51 лева, а градежните и монтажните активности започнаа на 26 февруари 2021 година. До сега се извршени 80% од активностите, вклучително и превентивно чистење на речното корито на местото на интервенција, ископување и преместување на копнени маси, трупци и друга вегетација.

За уредување на бреговите на реката, изградени се дел од поправните бетонски sидови, како и правоаголни габиони. Градежните работи на р.Санданска Бистирица предвидено е да бидат завршени со активности за пошумување.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.