Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

На завршната прес-конференција во Струмица презентирани резултатите по проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“

На 06.07.2021 година во Струмица се одржа завршната прес-конференција по проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, кој се имплементираше во партнерство со општина Сандански од Република Бугарија и општина Радовиш од Република Северна Македонија.

Домаќин на прес-конференцијата беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на која како гости присуствуваа партнерите по проектот од општина Сандански, Бугарија, како и други засегнати страни и целни групи од Југоисточниот плански регион.

Прес-конференцијата започна со поздравен говор од страна на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г. Жулиета Ѓуркова,  која е воедно и Проектен менаџер на проектот.

„За жал сеуште се соочуваме со фактот дека некои луѓе не веруваат во климатските промени, а свесни сме дека има многу промени. Добро е што во последно време во сите прекугранични проекти покрај градежните активности има и дел за подигнување на јавната свест за овие проблеми и во иднина токму преку вакви проекти ќе придонесеме кон зголемување на јавната свест кај граѓаните“ – истакна Г. Жулиета Ѓуркова.

Конференцијата продолжи со презентација на остварените резултати во рамки на проектот. Со имплементацијата на проектот беа спроведени мерки кои се однесуваа на значително намалување на ризикот од поплави во прекуграничниот регион, изградена зелена инфраструктура за намалување на негативните последици од поплавите и зголемена свест на младите за последиците од климатските промени.

Како резултат на проектот успешно се реконструираа и дел од коритото на река Сушица во општина Радовиш, Република Северна Македонија и дел од коритото на река Санданска Бистрица во општина Сандански, Република Бугарија, преку што се зголеми безбедноста од природни катастрофи во прекуграничниот регион.

Проектот беше во времетраење од 24 месеци и се имплементираше од јули 2019 до јули 2021 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 587.931,97 евра.

Проектот е финансиран од Евопската Унија и Националните Фондови на земјите учеснички.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.