Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Општина Сандански

Водечки партнер

Општина Сандански се наоѓа во Југозападна Бугарија и е најголемата општина во округот. Зафаќа површина од 1002 квадратни метри, броинаселение од 46 113 лица и има 54 населени места, вклучувајќи го и најмалиот град во Бугарија - Мелник.

Нашата општина веќе повеќе години поточно од 2003 година имплементира проекти финансирани преку фондови на ЕУ во различни оперативни програми и сектори. Активностите кои ги имплементираме имаат за цел да им помогнат на граѓаните, да обезбедиме административни услуги во секторот: службеници,локални даноци, европски проекти, правни услуги, сметководство и финансии, технички специјалисти во секторот „просторно планирање“ и др. Нашата општина работи во насока на развој на културата, природното и историско наследство, инфраструктура, спорт, туризам, образование и др.

Имаме остварено голем број на партнерства со градови од Европската унија и надвор од територијата на Европската унија, а од претходниот програмски период 2007-2013 година на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија –Република Северна Македонија, имаме неколку проекти кои се веќе иплатени и успешно завршени.

Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Проектен партнер

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како еден од осумте центри во Република Северна Македонија започна со работа во декември 2008 година, и е формиран според Законот за рамномерен регионален развој, со статус правно лице, од страна на десетте единици на локалната самоуправа што влегуваат во состав на Југоисточниот планскиот регион – Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Главната цел и мисија на Центарот е да се намали диспаритетот во економскиот развој, развојот на земјоделството, инфраструктурата, вработеноста, туризмот и заштитата на животната средина што би водело кон одржлив и рамномерен регионален развој.

Дел од активностите на ЦРЈИПР се: изготвување предлог – програма за развој на регионот, предлог – акционен план за имплементација на оваа програма, подготвување предлог – проекти за развој на регионот, координирање на активностите околу имплементација на програмата, обезбедување стручна и техничка помош при изготвувањето на програмите за развој на единиците на локалната самоуправа, ја поттикнува меѓуопштинската соработка, имплементира проекти финансирани од ЕУ фондовите и други национални и меѓународни финансиски извори и др.

Во своето работење Центарот за развој има успешно реализирано повеќе од 80 проекти.

Како партнери во имплементација на проектите се јавуваат институции од Р. Бугарија, Грција, општините од регионот, а финансиската помош главно доаѓа од ИПА Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, Програмата за развој на Обединетите нации, Бирото за регионален развој, Министерствата при Владата на Република Северна Македонија, амбасади на земји-членки на ЕУ во земјава, како и други европски фондови.

Со цел да се овозможи рамномерен регионален развој и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот, Центарот за развој на ЈИПР константно работи на развој на нови проекти со цел добивање средства за нивна имплементација.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.