Interreg - IPA CBC

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците
од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Клучни информации

Дата на започнување:

13.07.2019 година

Времетраење:

24 месеци

Дата на завршување:

12.07.2021 година

Вкупен буџет на проектот:

587.931,97 евра

Ко-финансирање од ЕУ:

336.851,57 евра

Ко-финансирање од Општина Радовиш:

191.636,00 евра

Национално ко-финансирање:

59.444,40 евра

Краток опис

Серијата деструктивни природни катастрофи во 2017 година доведоа до сериозни човечки, еколошки и економски загуби во Европа. Регионот е значително ранлив кон климатските промени и многу слабо подготвен да одговори соодветно на природните непогоди и катастрофи.

Поплавите имаат сериозно влијание врз економската, социјалната и локалната ситуација во регионот. Прекуграничниот регион подлежи на поројни дождови во текот на летото со зголемена фреквенција и времетраење. Како резултат на тоа, речните корита на главните реки во некои критични области не се во состојба да ги прифатат водите од овие врнежи. Ова доведува до поплавување на терените, а понатаму и кон поплави со исклучително неповолни последици за областите, како што се уништување на расположливата инфраструктура - мостови, патишта, дури и загуба на човечки животи, итн.

Како резултат на зголемените врнежи, општина Сандански и општина Радовиш страдаа од поплави предизвикани од реките Санданска Бистрица и реката Сушица и токму поради ваквите непoгоди, големо е значењето од еден ваков проект.

Активности

1.Кампања за информирање и публицитет со која ќе се овозможи промоција на активностите, настаните и резултатите од проектотво прекуграничниот регион;

2.Изработка на Водич „Збирка на добри практики за борба против последиците од климатските промени во заедниците“ кој ќе биде дистрибуиран во Бугарија и С.Македонија, а ќе има за цел да ја зголеми свеста на оние кои донесуваат одлуки во прекуграничниот регион;

3.Организирање на отворени работилнициза климатски промени и „зелени“ активности во Бугарија и С.Македонија со цел да се зголеми свеста кај младите за последиците од климатските промени и слични ризици како што се ерозија, поплави, бури и суши итн.;

4.Организирање тркалезни маси со цел ублажување на последиците од климатски промени во Бугарија и С.Македонија за поддршка и размена на добри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени;

5.Инфраструктурни активности во општина Сандански - уредување на дел од коритото на река Санданска Бистрица, вклучувајќи изградба на неколку заштитни ѕидови од различни должини и габион според техничкиот дизајн, чистење и уредување на коритото, зајакнување и креирање насипи и реки, итн. Исто така предвидено е садење дрвја и пошумување на речниот слив, како мерка за намалување на ерозијата и на бучавата создадена од речниот тек;

6.Инфраструктурни активности во општина Радовиш – уредување на дел од коритото на река Сушица со должина од 624м, со чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното на коритото, градење скали на кејскиот ѕид и рампи со цел да се создаде пристап до реката. Исто така и овде е предвидено садење дрвја и пошумување на речниот слив.

Results

Спроведени мерки за прилагодување кон климатските промени кои се однесуваат на значително намалување на ризикот од поплави во општините Сандански (Бугарија) и Радовиш (С.Македонија);

Изградена зелена инфраструктура која ќе придонесе за намалување на негативните последици од поплавите, што истовремено обезбедува дополнителни бенефиции за складирање на јаглерод, намалување на бучавата и биодиверзитет;

Зголемена свест и знаење на младите за последиците од климатските промени и нивното влијание врз прекуграничниот регион, како и за можните мерки за решавање на овие проблеми;

Подобрена комуникација и размена на најдобри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени меѓу различните чинители на заедниците во заедничкиот прекуграничниот регион;

Подобрен квалитет на живот и зголемена безбедност од природни катастрофи во прекуграничниот период.

Овој проект е ко-финансиран од Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија

Веб страната е креирана и одржувана со помош на Европска Унија преку Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на партнерите во проектот - Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Сандански и во никој случај не може да се претпоставува дека ги рефлектира гледиштата на Европската Унија и Управниот Орган на Програмата.